Monthly Archives: February 2016

Biohorizons international symposium, Mexico

Со цел да обезбеди врвна обука за идните и веќе постоечки имплантолози, Vesica има чест да ги покани оралните хирурзи на Глобалниот Симпозиум на BioHorizons во Канкун, Мексико кој ќе се одржи од 28 до 30 април 2016 година.

Тема на симозиумот: “Намалување на ризикот и подобрување на резултатите од имплантологијата”

cancun2

Место на одржување на симпозиумот ќе биде Moon Palace Golf & Spa Resort, каде што учесниците добиваат соба за 4 ноќевања на база all-inclusive. На симпозиумот ќе имате можност да поминете време со едни од најважните имиња од областа на имплантологијата, кои воедно и ќе ви го пренесат знаењето преку тродневен интензивен курс за совладување на напредните имплантолошки техники и намалување на ризиците при имплантирање.

Како и Вие да станете дел од овој симпозиум?

Во соработка со македонски tour-operator, а воедно и со визија за идна меѓусебна соработка, нашите клиенти ќе добијат бесплатно учество на симпозиумот со следната bhiscпонуда:

  • За купени 40 импланти со абатмент добивате бесплатно присуство за еден доктор со вклучена симпозиумска такса.
  • За купени 50 импланти со абатмент добивате бесплатно присуство за еден доктор со вклучена симпозиумска такса и еден придружник.

Понудата вклучува all-inclusive сместување, котизација за симпозиумот, повратен авио-билет, трансфери и туристички такси.

 

Доколку сте заинтересирани или имате било какви прашања околу условите, роковите и деталите за патувањето ве молиме веднаш контактирајте не

389 2 6156000 / +389 70 377720 / info@vesica.mk

  • Асистираме при вадење на виза за Мексико
  • Цените на авиобилетите може да варираат

TeethXpress (All-on-4), Bulgaria

Почитувани професионалци и пациенти, на 10ти март 2016 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи еден од досега најелитните имплантолошки курсеви на овие простори, организиран од страна на BioHorizons. Предавањата на курсот ќе ги одржи специјалистот по орална имплантологија и магистер по протетика, Орландо Алварез DDS, MS

Главна тема на курсот ќе биде: “Реставрирање на тотална беззабост со користење на техниката TeethXpress”

dental-implant-model-multiunit

Предавањата и работилницата ќе се одржат на 10 Март 2016 – Четврток, во Софија, Р. Бугарија во елитниот Гранд Хотел Софија, со програма составена од теоретски дел и Hands-on работилница (практичен дел), одржана од страна на Др. Орландо Алварез.

 

Нашата понудa
  • Присуството на овој имплантолошки курс, нашите клиенти го добиваат на подарок со купени 5 BioHorizons импланти со абатмент.
  • Понудата вклучува предавање, Hands-On работилница како и сместување во Гранд Хотел Софија 5* со вклучен појадок и ручек.

Бројот на места е ограничен. Ве молиме за сите детали да не контактирате:

389 2 6156000 / +389 70 377720 / info@vesica.mk

Tapered Internal

Денталните импланти Tapered Internal обезбедуваат одлична примарна стабилност, максимално зачувување на коската и меките ткива, придонесувајќи за оптимална естетика. Имплантите Tapered Internal ги постигнуваат овие резултати преку анатомски заостреното тело (tapered), модерната технологија за обработка на површините, Laser-Lok. Дополнително 1,5мм длабоката внатрешна хексагонална врска со инклиниран, закосен, влез создава одржлива врска и биолошки запечатена средина.

1     2     3

Case images curtesy of Dr. Craig Misch DDS

Tapered Internal се нуди во три конфигурации:

Mount-free Tapered Internal со 1.8mm Laser-Lok драјвер (рапава , машински необработена зона) и Resorbable Blast Textured (RBT) тело.
Mount-free Tapered Internal with Laser-Lok Complete површинска обработка со Laser-Lok технологијата на целото тело на имплантот (машински необработена драјвер зона или RBT) за брза остеоинтеграција и подобро поврзување имплант –коска .Одлични се за специфични анатомски услови. За сега, достапни се само во големини од 4,6 и 5.8mm дијаметар, должина 7,5 и 9mm.
Tapered Internal со претходно поставен 3inOne abutment, кој се користи за: (1) монтирање на имплантот, (2) отпечаточен пренос со затворена лажица, кога се користи во комбинација со balltop завртка, и (3) привремен или траен естетски абатмант со златен врв. Оваа верзија има 0.3mm машински обработена зона, 1.5mm Laser-Lok зона и RBT тело.

Карактеристики:

table

 

Tapered internal 3.0

Имплантите Tapered internal 3.0 ги нудат сите предности на супер успешниот Laser-Lok 3.0 имплант на BioHorizons, но освен тоа се карактеризираат и со засилена површинска обработка и анатомски заострено тело (tapered), драјвер обработен со Laser-Lok технологија за подобро прицврстување кон коската и околните меки ткива.

lla

Карактеристики на денталниот имплант Tapered Internal 3.0

Анатомски заострено тело од тип tapered, специфична обработки на површината за компресивно оптоварување на коската и одлична првична стабилност.

table2

Дентални протетски техники

Поставување на BioHorizons дентални импланти со естетски Laser-Lok абатменти

Естетските абатменти со Laser-Lok површина се користат да создадат природен изглед, цементирана, единечна птореза или протеза за мостови во естетската зона. Краевите на абатментите се подобрени со 15 , кои ја штитат подржуваат кресталната коска и ја редуцираат длабочината на џебовите.12,27 Техниката, покажана долу, обработува еден абатмент при хируршка интервенција, која е идеална за создавање и стимулирање на биолошко спојување.

                   
Поставување со Locator

Во клиничките случаи за протези, стабилизирани со импланти, во кои што се користи Locator абатмент се едноставни, ефикасни од аспект на цената и носат висок степен на задоволство од пациентите. Постојат две можности за примена на Locator: Фиксирање на постоечка протеза на столот на заболекарот и отпечатување на Locator абатмент за создавање на нова протеза.

                   
Прилагодување со PEEK абатменти

Прилагодување со PEEK привремен абатмент е едноставно, ефикасно од аспект на цена и Приспособяване чрез PEEK временен абатмънт е просто, ефективно от гледна точка на цената и носат висок степен на задоволство кај пациентите. Постојат две примени на овие абатменти: при цементирање или со винтови. Можат да се користат при единечни импланти или при протези и мостови.

                   
Прирачник со брзи совети за зимање на отпечаток, Internal Systems

Овој прирачник ви представува 3 од најчесто применуваните техники на земање отпечаток, при користење на BioHorizons Tapered Internal Systems. Овие техники го запазуваат профилот на меките ткива и позицијата на имплантот. Дополнителни техники за земање отпечаток може да се најдат во Internal Prosthetic Manual (ML0118).

                   
Прирачник со брзи совети за земање отепчаток, External systems

Овој прирачник ги представува 2-те најчести техники за земање отпечаток кога се користат BioHorizons External implant systems. Овие техники го запазуваат профилот на меките ткива и позицијата на имплантот.

               

Пресадување на меко ткиво

 Пред                                                                                                                                Потоа

Зашто да ја лекуваме рецесијата на непцата

Неправилното четкање на забите при миење и периодонталната болест се две главни причини за рецесија, што може да доведе до следново:

  • непривлечна насмевка
  • зголемена чуствителност на топло, студено и благо
  • коскена загуба
  • кариес на вратот на забите
  • задржување на плак
  • ризик од понатамошна рецесија

Импланти за фиксирање на протеза

Зашто да избереме лечење со over-denture импланти

Повеќето луѓе, кои користат традиционални протези често не ги носат, од проста причина што не си стојат фиксирани на своето место. Денталните импланти овозможуваат протезите да бидат цврсто фиксирани а вам да ви се поврати самодовербата.

Користењето на денталните импланти за стабилизирање на протези е докажан и успешен метод за стотици илјади луѓе ширум светот. Тој број секојдневно се зголемува како што се шири знаењето за ефикасноста и трајноста на овој метод. Всушност, денталните импланти имаат највисок процент на успешност од било која друга хируршка интервенција*.

Проблемите со лабава протеза

Милиони луѓе во светот имаат потреба од протеза. Многу од тие се борат да ја задржат стабилно, особено при долната вилица. Ако го имате тој проблем, вам ви е добро познато чуството на неудобност од подвижноста на протезата, неможноста да ги јадете омилените храни и не-ефикасноста од лепење на протезите. За среќа, постои начин вашата протеза да ја врши својата работа, она за што е поставена – стабилизирајте ја со дентални импланти.

Користта од стабилизирање на протезата
  • Воспоставување на правилно џвакање, правилна исхрана и подобрено здравје
  • Подобрување на изговорот и самодовербата
  • Подобра комоција поради намалено дразнење на непцата
  • Крај на посетите на протетичар за лепење на протезата
  • Продолжен век на протезата
  • Минимално агресивна процедура
За протеза, стабилизирана врз импланти

Титаниумовите импланти се поставуваат во вилиците, каде што коската сраснува околу нив. Откако ќе помине процесот на зараснување, вашата протеза се модифицира за да може да „штракне“ на имплантот. Протезата ќе биде цврсто споена, но со можност за вадење за одржување на хигиената со повторно лесно прицврстување.

Конструкција:
  1. Протеза (модифицирана за импланти)
  2. Капаче за прицврстување на протезата
  3. Абатмент
  4. Имплант од титаниумово тело – истиот материјал кој се користи за замена на зглобови, карлици
  5. Површината на имплантот го помага зараснувањето на коската околу него

Обновување на единечен заб

Загубените заби најчесто можат да бидат заменети со дентални импланти без да се наштети на соседните заби. Кога имплантот ќе се постави, следува период на коскена интеграција, а потоа над него доаѓа абатмент, што претставува основа за финалната коронка.

Дентални импланти со коронка
  • привлечна насмевка
  • повратена џвакална функција
  • запазено здравје на забите и усната шуплина
  • превенција на коскена загуба

 

 

Нелекуван загубен заб
  • непривлечна насмевка
  • загуба на џвакалната функција
  • зголемена коскена загуба
  • инклинација на соседните заби кон празнината
  • спуштање на антагонистот

Лечење со дентални импланти

Нормален профил     След загуба на зъб     След загуба на кост

Нормален профил          Со загуба на заб            Со загуба на коска

Стоматолошко лекување со импланти

Кога ќе изгубите заб, коската под него почнува да се топи (или атрофира), станува лесно порозна како последица на нејзино намалено оптоварување. Покрај тоа што губитокот на забот ја менува вашата насмевка, ја менува формата на лицето и прави да изгледате постари.

Предностите на денталните импланти
  • заменува изгубен заб
  • запира загуба на коска
  • ја запазува вашата физиономија и младоликост
  • ја враќа природната насмевка.

TeethXpress

 
1. Оптимизирана форма на резбата

Компресивната резба е разработена за исклучителна стабилност при имидијатно оптоварување.

2. Laser-Lok технологија

Создава биолошко спојување и заштита на кресталната коска.

3. Компоненти на Multi-unit

Интелигентен дизајн на компонентите за разноликост при поставувањето и леснотија при работата.

4. Кратки импланти со Laser-Lok Complete

По-брза остетоинтеграција* и заштита на коската, поради обработката на целото тело на имплантот со Laser-Lok технологијата.