Monthly Archives: March 2016

КУРС ПО ИМПЛАНТОЛОГИЈА И ПИЕЗОХИРУРГИЈА

Орал Естетик Трејд и W&H со заеднички курс во Скопје

Како официјални спонзори, имаме чест да Ви најавиме уште еден врвен курс, овој пат од областа на имплантологијата и пиезохирургијата. Курсот ќе трае 2 дена и ќе се одржува на 9ти и 10ти април во хотел StoneBridge и Карадент Дентал Центар во Скопје, каде што за теоретскиот дел ќе се погрижи Др. Бранимир Кирилов од Софија, Бугарија, а за операцијата во живо, Др. Венци Карапеев.

biohorizons laser-lok dental implants

w&h micromotor for piezosurgery

 

Што добивам со овој курс?

  • Операција во живо и демонстрација на на пиезохирургија, латерален синус лифт со аугментација и коскени графтови и поставување на BioHorizons имплант со Laser-Lok.
  • Теоретски дел, каде што Др. Кирилов ќе презентира нови перспективи и оперативни техники
  • Практичен дел, каде што Вие ќе поставите имплант и ќе употребите пиезохирургија во комбинација со коскен графт при имплантирање и синус лифт.

 

Детални информации околу целосната програма

TeethXpress Имплантологија со Емоција

Успешно заврши уште еден врвен имплантолошки курс на BioHorizons. Со блок од две предавања и Hands-On, Др. Орландо Алварез успешно им го пренесе знаењето на нашите доктори. Во продолжение погледнете дел од галеријата: