Monthly Archives: May 2016

Што треба да знам !

Доколку имате состојба на беззабост, недостаток на само еден заб, неколку или па тотална беззабост на долната, горната или двете вилици, вие треба да побарате совет од вашиот матичен стоматолог за третман  со дентални импланти. Доколку специјалистот по орална хирургија ви советува третман со дентални импланти ова се минимум информациите кои треба да ги имате:

Дали имплантолошкиот систем што ви се нуди е регистриран во Р. Македонија и ги исполнува сите критериуми на безбедност, квалитет, стандарди и законски барања.

  1. Побарајте од вашиот имплантолог да ви ја покаже регистрацијата на имплантолошкиот систем во Р. Македонија.

Во Македонија постојат современи законски решенија и се прифатени модерните стандарди за квалитет на имплантолошките системи. Исполнувањето на овие критериуми и стандарди е минимум услов да бидете безбедни со вашите импланти. Често се случува и самите доктори да бидат доведени во заблуда од разни „трговци и дистрибутери“. Во светот на експанзија на онлајн трговијата лесно е да се набави имплантолошки системи без проверено потекло, состав, стерилност и безбедност.

Од сите можни облици на злоупотреба, заблуди и несовесност, најлесно ќе се заштитите ако побарате од вашиот имплантолог да ви ја покаже регистрацијата на имплантолошкиот систем во Р. Македонија, која дистрибутерот може да му ја достави. Регистрацијата согласно законите во областа на медицината е јавна и задолжителна  постапка.

Доколку сакате дополнителен чекор на сигурност, побарајте од локалниот дистрибутер (веледрогерија) да ви ја потврди соработката со соодветната здравствена установа.

Во Р. Македонија, единствено веледрогерија може да врши увоз и дистрибуција на дентални имплантолошки системи.

Продолжува . . .