За нас

 

VESICA Дооел – Скопје е официјален претставник на производителот на високо-квалитетни импланти и протетски компоненти, BioHorizons, САД, за Македонија. Фирмата е создадена на крајот на 2013 г. со цел да им ја донесе на македонските стоматолози највисоката технологија од областа на денталната имплантологија.

Од јули 2014, VESICA е носител на регистрација при министерството за здравство на Република Македонија, за импланотолошките системи, биолошките материјали и хируршките инструменти на BioHorizons.

Постојано се стремиме на нашите клиенти да им овозможиме најдобра услуга со тим на искусни дентални асистенти и обучени продавачи. Implanti.mk е наш проект за доближување на врвната технологија до вас.

Нашите клиенти се:

  • Стоматолози – хирурзи кои пракитцираат имплантологија
  • Стоматолози – почетници во имплантологијата
  • Стоматолози – протетичари
  • Заботехнички лаборатории
  • Пациенти, со потреба за лечење со забни импланти

Следејќи ја нашата мисија за спојување на врвната технологија со стоматолозите, постојано одржуваме имплантолошки курсеви од највисок ранг, проследени со Hands-on и In-Vivo операции, притоа користејќи врвни медицински материјали со беспрекорна обработка.

Покрај стоматолозите кои веќе практикуваат имплантологија, нашата компанија се стреми да ги едуцира и стоматолозите кои сеуште немаат пракса во областа. Токму затоа, сметаме дека доколку сте посветен стоматолог со амбиции кон имплантологија, Вие заслужувате врвна обука под менторство на едни од најдобрите имплантолози на интернационално ниво.

 

Историја на одржани имплантолошки курсеви:
  • I и II модул (Почетен имплантолошки курс) – “Совладување на резови и техники на шиење, поставување на вкупно 17 импланти во горна и долна вилица на фантом пациент”:
    • Oктомври 2014, Битола
    • Декември 2014, Скопје
    • Јануари 2015, Скопје
    • Септември 2015, Скопје
  • III и IV модул (Напреден имплантолошки курс) – “Операција на синус лифт, земање отпечаток, протезирање врз импланти, Wax-Up на фантом”
    • Април 2015, Скопје
    • Декември 2015, Скопје

Покрај курсевите во Македонија, овозможуваме и посетување на имплантолошки курсеви организирани од страна на BioHorizons надвор од земјата:

  • Marius Steigmann, Sofia, Bulgaria, 2014
  • BioHorizons Global Symposium, Los Angeles, USA, 2015
  • BioHorizons International Symposium Series 2016, Cancun, Mexico
  • Orlando Alvarez, TeethXpress, Sofia, Bulgaria, 2016

Како компанија фокусирана да овозможи едукација и материјали за врвна имплантологија, VESICA продолжува да ја следи својата визија да биде број еден партнер на сегашните и идни имплантолози.