AlloDerm®

AlloDerm® Regenerative Tissue Matrix

Од неговото претставувањето во стоматологијата во 1994 година, AlloDerm Regenerative Tissue Matrix (RTM) е доста добро прифатена и широко распространета ацелуларна дермална матрица (ADM), аплицирана кај меките ткива. AlloDerm RTM помага при регенерација на ткивата, овозможува брза реваскуларизација, миграција на белите крвни зрнца и делба на клетки и на крајот се трансформира во приемно ткиво кое помага во естетското заздравување.

alloderm_intro

  • Најзастапен е во ADM денталната имплантологија
  • Докажано е дека ги минимизира постоперативните компликации
  • Статистиката добиена од различни клинички истражувања покажува дека нема разлика помеѓу употребата на AlloDerm и покривањето на рецесивните процеси со сврзно ткиво

Индикации за употреба :

  • Покривање на корен
  • Гингивална аугментација
  • Аугментација на меки ткива
  • Аугментација на меки ткива околу импланти
AlloDerm® GBR

AlloDerm GBR е произведена преку идентичен патентиран процес со кој е создаден АlloDerm, но AlloDerm GBR се користи како ефективна бариерна мембрана. Во споредба со биоапсорбирачките мембрани, AlloDerm GBR се ремоделира во ткивото на самиот пациент.

allodermgbr_intro2

  • Го подобрува квалитетот на меките ткива и естетиката, служи како бариерна мембрана;
  • Помала чувствителност поради способноста да го издржи евентуалното изложување за време на процесот на лекување;
  • Докажана алтернатива на биоапсорбирачките мембрани.

Индикации за употреба:

  • За заштита и ограничување (изолирање) на графтот
  • Како дополнително продолжување  на слузницата, со цел постигнување на примарно затварање на оперативното место.