BioHorizons

Мапа од дистрибуциска мрежа на BioHorizons импланти

BioHorizons брендот е посветен на развој на производи врз база на научни факти и истражувања. Од претставувањето на имплантолошкиот систем External (порано под името Maestro) во 1997 г., до создавањето на Laser-Lok имплантите во 2010 г., денталните специјалисти, а исто така и самите пациенти, добија пристап до голема палета на дентални импланти и биолошки производи.

Посветувањето на науката, иновацијата и сервисот на своите клиенти, го прави BioHorizons да биде една од најбрзо растечките компании во денталната индустрија и светски доминатен производител. BioHorizons помага да се вратат насмевките на 85 пазари во Азија, Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија и Европа.

Наука

BioHorizons ги користи науката и иновациите за создавање на единствени по својот вид производи, со докажани хируршки и естетски резултати.

Услуга

BioHorizons ја разбира важноста за обезбедување на врвна услуга на своите клиенти. Затоа глобалната мрежа од професионални дистрибутери, како и обучените екипи во одделите за услуга и сервис, располагаат со сите неопходни знаења и системи, за да ги пресретнат очекувањата на клиничките специјалисти и пациентите.

Иновација

Уште од самиот почеток, BioHorizons се стреми да понуди нај-широка палета од дентални импланти и решенија за регенерација на ткива, докажани со научни факти и експерименти. Нашата философија е дека успешните производи се резултат на наука и постојана иновација. Тој приод кон развој на производите е уште од далечната 1994 година, кога дизајнот на оригиналните Maestro импланти беше смислен во биохменачкиот инженерски оддел во Универзитетот на Алабам во Бирмингем, САД. Низ годините, BioHorizons последователно применуваше биомеханички инженеринг на низа од иновации, и денес е горд сопственик на 24 уникатни патенти.

Laser-Lok технологијата во споредба со конкуренцијата

Материјали

Сите импланти на BioHorizons се направени од титаниумска легура, која е 1.5 до 3.5 пати по здрава од чистиот титаниум, кој се користи од другите производители. Таа разлика во квалитетот влијае на долгорочниот успех на имплантите, а е клучна за имплантите со мал дијаметар.

Дизајн

Денталните професионалци сакаат инструменти и компоненти кои функционираат и добро се вклопуваат. Елементите на BioHorizons имаат прилично високи машински толеранции, што овозможува идеално хируршко искуство.

Леснотија

Сите импланти и протетски компоненти од марката на BioHorizons се означени со соодветна боја за лесна идентификација. Стоматлозите можат брзо и лесно да го идентификуваат видот и дијаметарот на имплантот, додека пациентот е на столот.

Лидерство

BioHorizons има богата историја за работа со клучните лидери во  периодонтолната, оралната хирургија, протетични и генерални случаи, за да го подобри својот дизајн и усвои најмодерните техники.

Квалитет

BioHorizons нуди производи со нај-висок и бескомпромисен квалитет. На пример, секој имплант на BioHorizons на нивото на коската е обложен со естетски финален абатмент со позлатена површина, винт и покривно капаче.

Обуки

Континуираното обучување е решавачко за динамичното време на денталната индустрија. Со наша помош се оддржани преку 700 настани за обуки на хирурзи. BioHorizons е целосно оддаден на промовирање на новите технологии и квалитетот на денталната грижа.vesica logoПоради горенаведеното, ние во VESICA ви овозможуваме да ги користите производите на BioHorizons и да добиете пристап до врвно знаење. Располагаме со голем избор на импланти, биолошки и протетски материјали, центар за тренинг и едукација и достава ширум земјата во рок од 24 ч.