Categories
Едукација

Современа хирургија со W&H и BioHorizons

Со организација од страна на Орал Естетик Трејд и Vesica како генерален спонзор, успешно помина досега најсовремниот курс по пиезохирургија и имплантологија во нашата држава.

Преку интензивни теоретски предавања и hands-on работилница од страна на Др. Бранимир Кирилов, докторите кои присуствуваа значително ги надоградија своите стручни познавања. Курсот се одржа на 9ти и 10ти април 2016 година во хотел StoneBridge и стоматолошката ординација Карадент, каде сприсуствуваа 25 доктори од цела Македонија кои во практичниот дел работеа со апаратите на W&H и имплантолошкиот систем на BioHorizons, а на крај им беа доделени сертификати, како и попуст од страна на генералниот спонзор.

 

 

 

Categories
Едукација

КУРС ПО ИМПЛАНТОЛОГИЈА И ПИЕЗОХИРУРГИЈА

Орал Естетик Трејд и W&H со заеднички курс во Скопје

Како официјални спонзори, имаме чест да Ви најавиме уште еден врвен курс, овој пат од областа на имплантологијата и пиезохирургијата. Курсот ќе трае 2 дена и ќе се одржува на 9ти и 10ти април во хотел StoneBridge и Карадент Дентал Центар во Скопје, каде што за теоретскиот дел ќе се погрижи Др. Бранимир Кирилов од Софија, Бугарија, а за операцијата во живо, Др. Венци Карапеев.

biohorizons laser-lok dental implants

w&h micromotor for piezosurgery

 

Што добивам со овој курс?

  • Операција во живо и демонстрација на на пиезохирургија, латерален синус лифт со аугментација и коскени графтови и поставување на BioHorizons имплант со Laser-Lok.
  • Теоретски дел, каде што Др. Кирилов ќе презентира нови перспективи и оперативни техники
  • Практичен дел, каде што Вие ќе поставите имплант и ќе употребите пиезохирургија во комбинација со коскен графт при имплантирање и синус лифт.

 

Детални информации околу целосната програма
Categories
Едукација

TeethXpress Имплантологија со Емоција

Успешно заврши уште еден врвен имплантолошки курс на BioHorizons. Со блок од две предавања и Hands-On, Др. Орландо Алварез успешно им го пренесе знаењето на нашите доктори. Во продолжение погледнете дел од галеријата:

Categories
Едукација

Biohorizons international symposium, Mexico

Со цел да обезбеди врвна обука за идните и веќе постоечки имплантолози, Vesica има чест да ги покани оралните хирурзи на Глобалниот Симпозиум на BioHorizons во Канкун, Мексико кој ќе се одржи од 28 до 30 април 2016 година.

Тема на симозиумот: “Намалување на ризикот и подобрување на резултатите од имплантологијата”

cancun2

Место на одржување на симпозиумот ќе биде Moon Palace Golf & Spa Resort, каде што учесниците добиваат соба за 4 ноќевања на база all-inclusive. На симпозиумот ќе имате можност да поминете време со едни од најважните имиња од областа на имплантологијата, кои воедно и ќе ви го пренесат знаењето преку тродневен интензивен курс за совладување на напредните имплантолошки техники и намалување на ризиците при имплантирање.

Како и Вие да станете дел од овој симпозиум?

Во соработка со македонски tour-operator, а воедно и со визија за идна меѓусебна соработка, нашите клиенти ќе добијат бесплатно учество на симпозиумот со следната bhiscпонуда:

  • За купени 40 импланти со абатмент добивате бесплатно присуство за еден доктор со вклучена симпозиумска такса.
  • За купени 50 импланти со абатмент добивате бесплатно присуство за еден доктор со вклучена симпозиумска такса и еден придружник.

Понудата вклучува all-inclusive сместување, котизација за симпозиумот, повратен авио-билет, трансфери и туристички такси.

 

Доколку сте заинтересирани или имате било какви прашања околу условите, роковите и деталите за патувањето ве молиме веднаш контактирајте не

389 2 6156000 / +389 70 377720 / info@vesica.mk

  • Асистираме при вадење на виза за Мексико
  • Цените на авиобилетите може да варираат
Categories
Едукација

TeethXpress (All-on-4), Bulgaria

Почитувани професионалци и пациенти, на 10ти март 2016 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи еден од досега најелитните имплантолошки курсеви на овие простори, организиран од страна на BioHorizons. Предавањата на курсот ќе ги одржи специјалистот по орална имплантологија и магистер по протетика, Орландо Алварез DDS, MS

Главна тема на курсот ќе биде: “Реставрирање на тотална беззабост со користење на техниката TeethXpress”

dental-implant-model-multiunit

Предавањата и работилницата ќе се одржат на 10 Март 2016 – Четврток, во Софија, Р. Бугарија во елитниот Гранд Хотел Софија, со програма составена од теоретски дел и Hands-on работилница (практичен дел), одржана од страна на Др. Орландо Алварез.

 

Нашата понудa
  • Присуството на овој имплантолошки курс, нашите клиенти го добиваат на подарок со купени 5 BioHorizons импланти со абатмент.
  • Понудата вклучува предавање, Hands-On работилница како и сместување во Гранд Хотел Софија 5* со вклучен појадок и ручек.

Бројот на места е ограничен. Ве молиме за сите детали да не контактирате:

389 2 6156000 / +389 70 377720 / info@vesica.mk