Камерен Курс по Имплантологија

Ден 1

  • КРАТОК ИСТОРИЈАТ НА ЕВОЛУЦИЈАТА НА ОРАЛНАТА ИМПЛАНТОЛОГИЈА
  • ТИПОВИ НА ОРАЛНИ ИМПЛАНТИ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕНДООСЕАЛНИ ИМПЛАНТИ
  • АСПЕКТИ НА ИМПЛАНТНИОТ ДИЗАЈН И ИМПЛАНТНАТА ПОВРШИНА
  • БИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСЕОИНТЕГРАЦИЈАТА
  • ЗАРАСНУВАЊЕ НА ПЕРИИМПЛАНТНА МУКОЗА
  • ПРИМАРНА И СЕКУНДАРНА СТАБИЛНОСТ НА ИМПЛАНТИТЕ
  • ОСВРТ НА РЕЛАЦИИТЕ СО АНАТОМСКИ БЛИСКИТЕ ВИТАЛНИ СТРУКТУРИ ПРИ ПОСТАВА НА ДЕНТАЛНИ ИМПЛАНТИ8054

Ден 2

  • ПЛАНИРАЊЕ НА ПОСТАВА НА ДЕНТАЛНИ ИМПЛАНТИ
  • СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ НА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА. КОМПЈУТЕРСКИ ВОДЕНА ИМПЛАНТ ИНСЕРЦИЈА
  • ФЛАП ДИЗАЈН
  • ХИРУРШКИ ПРОТОКОЛ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МОДЕЛИ
  • КРИТЕРИУМИ ЗА УСПЕХ НА ИМПЛАНТИТЕ
  • ПОРТФОЛИО  НА ИНОВАЦИИТЕ ВО ИМПЛАНТОЛОШКИОТ СЕТ НА BIOHORIZONS

ViliciПРАКТИЧНА РАБОТА

Во рамките на курсот, вториот ден, учесниците ќе имаат практична работа поставување на дентални импланти. Работа со микромотор, имплантирање, експлантирање и пред протетска припрема. Организирање на работен простор, асистирање и потребен инструментариум.

facebook-hands-on-training-8-day-implant-program

Педавач и инструктор

DVSНауч.сор. Даниела Велеска- Стевковска е вработена на клиниката за орална хирургија при УСКЦ Св. Пантелејмон од 2001 година. Специјалистичките студии по орална хирургија ги завршува во 2006. Магистрира во 2008 додека докторската теза од областа на оралната хирургија ја брани во 2013 со што се стекнува со звање Доктор на Стоматолошки Науки. Научните трудови и звања во 2018 се верифицирани од Канадскиот WES.

Автор е на повеќе од сто научни труда. Вештините од областа на имплантологија ги стекнува во соработка со проф. др Николај Попов член на Бугарската Академија на Науки и Уметности, Проф. др Џејми Лозада шеф на катедра во Универзитетот Лома Линда во Калифорнија, др Бранимир Кирилов од Медикал Дент во Софија, Проф. др. Алекса Марковиќ од Универзитетот во Белград, директорот на БиоХоризонс г-дин Стив Боган , и многу други истакнати домашни и меѓународни авторитети во областа на имплантологијата и орална хирургија. Постојано ангажирана како специјалист по орална хирургија и имплантологија на универзитетската клиника на стоматолошкиот факултет при УКИМ.

Стажирање и пракса

Во соработка со приватната здравсвена установа спцијализирана од областа на оралнnovaата хирургија и имплантологија Нова Дентал Хирургија, овозможуваме за секој учесник дво дневене турнус и присуство на имплантолошки интервенциипод водство на резидентниот хирург имплантолог др Данчо Бизевски.

УСЛОВИ

Ден и време:

Сабота и Недела 30 и 31 Март 2019. Од 10:00 до 15 часот.

Локација:

Јавна Соба, ул. 50та Дивизија бр. 22. Скопје.

special-offer1ЦЕНА:

269 Еур со вклучен 18% ДДВ, во денарска противредност.

Рана регистрација до Петок 22.03.2019 – 30% : 189 Еур Со вклучен 18% ДДВ.

Екстра поволност: За втор учесник од ординација/тим попуст 50% (135 Еур).

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пишете ни на: info@vesica.mk

Побарајте не на: +389 70 377720 (во работен ден од 09 до 15)

или на формуларот на следниов линк: врската води до формулар за аплицирање