Laser-Lok технологија

Микроканалите Laser-Lok претставуваат серија од периферни / овални канали со големина на клетка, кои се прецизно создадени со помош на ласер (ласерска аблација / отсекување). Оваа технологија создава последователни микроканали кои се оптимално димензионирани со цел полесно прицврстување и организација на остеобластите и фибробластите. 20, 41 Микроструктура на Laser-Lok вклучува повторлива наноструктура која ја зголемува површината и им овозможува на клеточните израстоци и колагенски микрофибри да се испреплетат прецизно со Laser-Lok површината.

Разлики во однос на други обработки на површината на имплантот

Речиси сите површини на денталните импланти на пазарот се постигнати преку млазна   обработка со метални зрна или се киселински гравирани. Овие производствени методи на обработака создаваат произволни површини кои се различни во различните делови од телото на имплантот и на тој начин ја менуваат клеточната реакција во зависност од тоа од каде доаѓа клетката и каде таа доаѓа во контакт со имплантот.42  И покрај фактот дека произволно структурираните површини покажале повисока осеоинтеграција отколку површините создадени со машинска обработка. 43 За прв пат, преку методите на поларизирана светлосна микроскопија и скенелектронска микроскопија е докажано дека Laser-Lok обработената површина  може исто така да биде ефикасна при прикачување на мекото сврзно ткиво.