Mem-Lok супериорна колагена мембрана !

Mem-Lok ресорптивна колагена мембрана – што ја прави супериорна во однос на останатите мембрани од овој тип?

Во оралната хирургија и имплантологија многу често се јавува потребата од аугментација на коска со цел регенерација на коскени дефекти настанати од различни причини. Оваа тераписка процедура е особено корисна при планирање идни реставрации кои вклучуваат вградување дентални импланти, но кога во дадениот момент не постојат соодветни услови за тоа. Протоколите кои се однесуваат на водената коскена регенерација, покрај вградување вештачка коска, вклучуваат и поставување мембрана, чија основна цел е заштита на поставената коска и овозможување соодветна регенерација.

Потребни карактеристики.

На пазарот постојат различни типови мембрани, но од клучно значење е избраната мембрана да ги задоволува потребните стандарди и карактеристики, кои вклучуваат нејзина атхезија на ткивата без мобилност, спречување на разраснување на меко ткиво во коскениот дефект исполнет со коска, лесно работење и биокомпатибилност. Како и да е, технолошкиот напредок овозможува не само овие критериуми задолжително да постојат, туку и постојано да се подобруваат. Генерално, се претпочита примена на ресорптивните мембрани наспроти нересорптивните, поради немањето потреба од нивно отстранување и помалиот морбидитет кај пациентите.

Високо прочистени колагени влакна тип I.

Mem-Lok ресорптивната колагена мембрана е резултат на долгогодишни испитувања и примена на најсовремени методи за подобрување на карактеристиките и добивање посакуван резултат. Добиена е од високо прочистени колагени влакна тип I, што овозможува подолг период на ресорпција и оптимална коскена регенерација. Индикации за нејзина примена се: празни алвеоли после екстракција, синус лифт и синус аугментација, презервација на гребен, коскена аугментација околу импланти, коскени дефекти после одредени патолошки состојби, дехисценции и фенестрации.

Макромолекуларни пори, размена на нутриенти.

Mem-Lok мембраната се карактеризира со макромолекуларни пори кои овозможуваат транспорт и размена на нутритиенти кои се неопходни за соодветно заздравување и регенерација на ткивото, а во исто време низ нив не е овозможено преминување на клетки кои би интерферирале со овие процеси. Ова е од големо значење, ако се има предвид фактот дека постоењето и множењето на клетки од околните меки ткива порано или подоцна доведува до неуспех во коскеното аугментирање.

mem-lok05

26-38 недели период на ресорпција.

Една од клучните придобивки на Mem-Lok мембраната е зголемената стабилност по нејзиното фиксирање и сутурирање. Истражувањата покажале и до четири пати зголемен отпор по применета сила во однос на постоечките мембрани од овој тип, што се должи на густите колагени влакна инкорпорирани во нејзината структура. Покрај тоа, должината на ресорпцијата во in vivo истражувања кај Mem-Lok мембраната изнесувала од 26 до 38 недели, во споредба со 4 до 7 недели кај останатите испитувани мембрани. Овие резултати укажуваат на тоа дека продолжениот период на ресорпција ќе ја зголеми ефикасноста на мембраната како клеточна бариера, а со тоа ќе осигура и поефикасна регенерација.

Мемориски ефект.

Конечно, Mem-Lok мембраната е лесна за работа бидејќи одлично се адаптира на различни коскени дефекти, што само по себе е важно за обезбедување на интегритетот и волуменот на поставениот коскен материјал, а со тоа и за предвидување на позтивни тераписки резултати. Лабораториските испитувања и клиничките студии кои следат различни и многубројни случаи, покажуваат дека оваа мембрана моментално е супериорно решение во примената на аугментативните техники.

АВТОР: др Филип Конески.