MinerOss XP®

minerossxp_intro

MinerOss XP®коскен ксенографт создаден за идеална аугментација

Коскената аугментација во оралната хирургија станува сè поупотребуван метод за надоместување на изгубената коска од различни причини. Насмевката за која се чинело дека е невозможно да се постигне поради ограничувања од биолошки аспект, со современите стоматолошки концепти станува реалност. Како дел од современите хируршки принципи, аугментирањето на коска стана неизбежно во денталната имплантологија, кога постоечките услови не дозволуваат поставување на имплантите поради коскен дефицит. Големите цистични лезии и другите промени кои настануваат после екстракција на забите исто така, често резултираат со ресорпција на коска, која ако не се надомести, доведува до сериозни естетски и функционални последици.

MinerOss XP® – минерален коскен матрикс со карактеристики на човечка коска

Scanning Electron Microscopy зголемено 25 пати.

SEM зголемено 25 пати.

Scanning Electron Microscopy зголемено 75 пати.

SEM зголемено 75 пати.

MinerOss XP® е коскен графт од групата ксенографтови, добиен со прочистување и отстранување на минералната структура од животинска коска. Главно се состои од калциум фосфат, а бидејќи е добиен од природна спонгиозна коска, неговата структура и потенцијал за остеокондукција и депозиција на нова коска се слични на оние кои ги поседува коската кај човекот. Доаѓа во форма на гранули со големина од 0,25 до 2 мм и се карактеризира со             микро и макроскопска порозна структура која го фаворизира создавањето и разраснувањето на ново коскено ткиво.

Зошто MinerOss XP® е идеален избор на ксенографт?

Затоа што in vitro и in vivo истражувањата базирани на морфолошки, хистолошки, имунохистохемиски, радиолошки и клинички анализи покажаа дека MinerOss XP® поседува подобри карактеристики во споредба со останатите производи од овој тип, и тоа во клучните сегменти важни за успех во аугментирањето. Ова пред сè се однесува на потенцијалот за стимулирање на создавањето нова коска и привлекување и миграција на клетки, како основен услов за соодветна коскена регенерација. Поголемиот потенцијал за депозиција на новосоздадена коска се должи на поголемите порозни простори во самиот графт, кои по неговото вградување ќе се пополнат со нова коска. Дополнително, овој ксенографт содржи повисок процент на големи партикли, споредено со останатите материјали, со што и просторите меѓу и во самите партикли се зголемуваат. Покрај макроскопските, MinerOss XP® се карактеризира и со микроскопски структурни нерамнини, со што се зголемува бројот на клетки кои се привлекуваат и мигрираат на посакуваното место.

Каде може да се употребува MinerOss XP®?

MinerOss XP® е индицирана во случаите на

  • аугментација или реконструкција на алвеоларниот гребен,
  • за пополнување на инфракоскени пародонтални дефекти,
  • како и дефекти настанати по ресекција на коренот, апикотомија или цистектомија,
  • пополнување на алвеолата по екстракција со цел презервација на алвеоларниот гребен,
  • подигање на подот на максиларниот синус,
  • пополнување пародонтални дефекти во комбинација со продукти кои се користат за водена ткивна и коскена регенерација,
  • како и за пополнување периимплантни дефекти во комбинација со водена коскена регенерација.

Биокомпатибилен, целосно безбеден и сертифициран материјал

MinerOss XP® успешно ги има поминато сите потребни тестирања со кои се потврдува неговата биокомпатибилност и безбедност. Овој материјал ги задоволува најстрогите критериуми и ги поседува сите безбедносни сертификати, издадени од соодветните институции во САД, кои се раководат исклучиво по строго пропишани протоколи. Неколкуте нивоа на тестирања ги вклучуваат анализите на физичките, хемиските и биолошките карактеристики, стабилноста, биокомпатибилноста, токсичноста, стерилноста и безбедноста на материјалот. MinerOss XP® е биокомпатибилен, нетоксичен, и непироген материјал. Целиот процес на производство, од земањето на коската, нејзиното прочистување со вода прочистена од ендотоксини, бактерии и хемиски адитиви, топлинскиот третман за депротеинизација, ситнењето и пакувањето, се одвива во строго контролирани услови. Крајниот производ се стерилизира со гама зраци и истиот е наменет за еднократна употреба. Секоја вирусна или друга микробна контаминација целосно се инактивира во процесот на производство, така што преносот на какви било агенси не е можен.

Како се употребува MinerOss XP®?

По поставувањето соодветна индикација за материјалот и создавањето хируршки услови за негова апликација, потребно е внимателно да се отстрани целото гранулационо ткиво на местото на аугментација кое би можело да интерферира со процесот на регенерација. MinerOss XP® може да се измеша со коскен коагулум, крв од пациентот, физиолошки раствор или автогена коска и потоа се поставува на потребното место, и тоа на добро васкуларизирана коска, а доколку станува збор за кортикална коска, истата се препорачува да се перфорира. Апликацијата на графтот треба да се направи лесно, со стерилен инструмент, со тоа што треба да се избегне притискање и преполнување на дефектот, бидејќи со тоа ќе се наруши спонгиозната градба на графтот, потребна за соодветно создавање на нова коска. Мукопериосталниот флап најдобро е да се сутурира и да се постигне примарно затворање, а доколку тоа не е можно, се препорачува негова понатамошна имобилизација или поставување биоресорптивна мембрана.

Добивањето посакувани резултати кои значат и создавање соодветни услови за понатамошен третман се императив кој е поставен при создавањето на овој производ. Познавањето на процесите и принципите врз кои се потпира коскената регенерација и факторите кои влијаат врз неа во значајно влијае врз изборот на материјалот со кој ќе се пристапи кон реализација на поставената цел. Бидејќи крајната цел на аугментативната терапија е создавање ново коскено ткиво со минимална количина на графт кој ќе остане интегриран после регенерацијата, наведените карактеристики на MinerOss XP®, поддржани со релевантни анализи и потврдени од авторитетни институции, го прават идеален избор на ксенографт во оралната, пародонталната и максилофацијалнанта хирургија.

Автор: др Филип Конески