From Professionals For Professionals

едукативен практичен и теоретски курс

“Дентална имплантологија – од професионалци за професионалци”

Ни преставува огромна чест, а воедно и задоволство да Ве поканиме и да Ви го преставиме Едукативниот курс Имплантологија од професионалци за професионалци во пет модули. Овој едукативен настан е наменет за сите дентални професионалци кои се насочени кон денталната имплантологија, односно е наменет за доктори по стоматологија и дентална медицина, доктори специјалисти по протетика и орална хирургија и забни техничари.

Vesica implanti.mk во соработка со доц. др. Киро Папакоча има чест да ве покани како ко-организатор на првиот модул насловен како

МОДУЛ 1 : „ Изработка на протетска супраструктура над импланти – клинички и лабораториски фази“

Локација: ШТИП

Ден: 20 – 21 Октомври 2017

Водител на курсот – доц. д-р Киро Папакоча

Програма

20-ти октомври – петок

Предпладне: почеток 10:00

  • Пародонтологија имплантологија – Предавање од асс. др. Михајло Петровски – 20 мин.
  • Основи на отпечатувањето над денталните импланти – современи и практични протоколи – Предавање од доц. др. Киро Папакоча 40 мин.
  • Импланто-протетски реставрации – фази на изработка и презентација на клинички случаеви– Предавање од доц. др. Киро Папакоча 40 мин.

Попладне:

Работилница

  • поставување на дентални импланти на модели.
  • земање на отпечатоци од вилици со поставени дентални импланти и од работни модели

21-ви октомври – сабота

Предпладне: почеток 10:00

  • Важноста на оралната хигиена во ординација и во домашни услови – минимални предуслови кои треба да се исполнети кај пациенти со дентални импланти – Предавање од асс. др. Оливера Терзиева 20 мин.
  • Манипулации и работа во забна техника – 40 мин.
  • Двофазно и имедијатно поставување на денталните импланти– Предавање од доц. др. Киро Папакоча 40 мин.

Попладне:

Во стоматолошка ординација – операциона сала

Орално-хируршки и протетски интервенции на пациенти со импланти.

* во зависност од моменталната состојба на пациентот.

Дискусија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Минимален број на учесници: 10.

Максимален број на учесници 18.

Котизација: 325 Еур +18%ддв. Попуст за рана регистрација до 10ти Октомври 295 Еур + 18%ддв.

info@vesica.mk / 02 6156000

 

CHECK OUR ONE TIME SPECIAL OFFER FOR YOU, GET IT FOR FREE !!!

special-offer2

Limited seats available, Limited time valid !!!