Импланти за фиксирање на протеза

Зашто да избереме лечење со over-denture импланти

Повеќето луѓе, кои користат традиционални протези често не ги носат, од проста причина што не си стојат фиксирани на своето место. Денталните импланти овозможуваат протезите да бидат цврсто фиксирани а вам да ви се поврати самодовербата.

Користењето на денталните импланти за стабилизирање на протези е докажан и успешен метод за стотици илјади луѓе ширум светот. Тој број секојдневно се зголемува како што се шири знаењето за ефикасноста и трајноста на овој метод. Всушност, денталните импланти имаат највисок процент на успешност од било која друга хируршка интервенција*.

Проблемите со лабава протеза

Милиони луѓе во светот имаат потреба од протеза. Многу од тие се борат да ја задржат стабилно, особено при долната вилица. Ако го имате тој проблем, вам ви е добро познато чуството на неудобност од подвижноста на протезата, неможноста да ги јадете омилените храни и не-ефикасноста од лепење на протезите. За среќа, постои начин вашата протеза да ја врши својата работа, она за што е поставена – стабилизирајте ја со дентални импланти.

Користта од стабилизирање на протезата
  • Воспоставување на правилно џвакање, правилна исхрана и подобрено здравје
  • Подобрување на изговорот и самодовербата
  • Подобра комоција поради намалено дразнење на непцата
  • Крај на посетите на протетичар за лепење на протезата
  • Продолжен век на протезата
  • Минимално агресивна процедура
За протеза, стабилизирана врз импланти

Титаниумовите импланти се поставуваат во вилиците, каде што коската сраснува околу нив. Откако ќе помине процесот на зараснување, вашата протеза се модифицира за да може да „штракне“ на имплантот. Протезата ќе биде цврсто споена, но со можност за вадење за одржување на хигиената со повторно лесно прицврстување.

Конструкција:
  1. Протеза (модифицирана за импланти)
  2. Капаче за прицврстување на протезата
  3. Абатмент
  4. Имплант од титаниумово тело – истиот материјал кој се користи за замена на зглобови, карлици
  5. Површината на имплантот го помага зараснувањето на коската околу него