PTFE Coreflon Сутури

corefflonT03

PTFE Coreflon сутури за минимално инвазивна орална хирургија– задолжителен дел во хируршкиот сет

Соодветното зараснување на раните по орално-хируршките интервенции е еден од клучните фактори кои го условуваат нивниот успех. Поставувањето сутури е неизбежен, а често и финален дел на голем број орално-хируршки интервенции. Воспалителните и инфективните компликации, како и естетските проблеми кои можат да се јават во постоперативниот тек, покрај другите фактори, може да бидат предизвикани и да зависат од сутурите, па затоа нивниот избор и почитувањето на техниките и правилата за нивно поставување е од голема важност.

Ресорптивни vs. нересорптивни сутури

На пазарот постојат различни типови сутури, во зависност од материјалот од кој се изработени. Главно, се делат на ресорптивни и нересорптивни. Ресорптивните сутури подлежат на разградба под дејство на ензими кои постојат и се создаваат во самите ткива, па по одреден период комплетно се разградуваат, така што не е потребно нивно отстранување. Нересорптивните сутури пак, е потребно да се отстранат по периодот на заздравување, бидејќи се изработени од материјал кој не може да биде разграден од ензими. Тука спаѓаат сутурите изработени од полиамид (најлон), полипропилен (пролен), полиетилен, поливинилиден флуорид, свила, памук, како и политетрафлуороетилен (PTFE).

Иако ресорптивните сутури игледаат поприфатливи поради отсуството на потребата од нивно отстранување, во оралната хирургија се препорачува употребата на нересорптивни сутури. Тоа е така поради големата акумулација на бактериски плак на ресорптивните сутури, кој може да предизвика воспаление, брзото попуштање на силата на врзување поради процесите на разградба, како и ризикот од пенетрација на микроби и појава на инфекција. Од друга страна, нересорптивните сутури не пропуштаат течности и други материи, а акумулацијата на бактериски плак е минимална.

Сепак, нересорптивните сутури покажуваат и одредени слабости, па оттаму и разнобразноста во материјалите од кои се изработени. Главно, проблемите се однесуваат на недоволната флексибилност на влакната и неможноста за адаптација на различен волумен на ткиво. Поради нивната ригидност, не се секогаш добро прифатени од страна па пациентите, а понекогаш може да направат и иритација и оштетувања на ткивата.

PTFE Coreflon сутури

Сутурите изработени од политетрафлуороетилен (PTFE) се лансирани пред неколку децении, и тогаш биле наменети за интервенции во кардиоваскуларната хирургија, поради биокомпатибилните карактеристики кои ги поседуваат. Денес, PTFE сутурите се достапни и во оралната хирургија, како dPTFE Coreflon, монофиламентни, нересорптивни сутури.

Мазни површини, флексибилност и заштита на раната

Coreflon сутурите се карактеризираат со мазни површини, што е од голема важност за лесно поминување низ ткивата и отсуство на нивна иритација и повреда, бидејќи ткивата во усната празнина се многу осетливи. Имаат флексибилност која е значајна за правилно и одлично ткивно спојување и фиксирање, независно од волуменот на ткивото, кој може да се менува во различните фази на заздравувањето на раната. Конечно, PTFE Coreflon сутурите не претставуваат место за атхезија на плак и бактерии, бидејќи за разлика од првичните PTFE сутури, на површината немаат микропори кои би претставувале место за задршка на микроби, а со ова се обезбедува максимална заштита на раната.

 

Овие карактеристики на Coreflon сутурите ги прават идеални за примена во оралната хирургија, а особено во минимално инвазивната орална и пародонтална хирургија, имплантната хирургија и оние интервенции кои вклучуваат аугментација на коска и поставување заштитни мембрани. Поради мекоста и прилагодливоста, овие сутури гарантира максимален бенефит од спроведената терапија.

coreflon02 coreflon01

Приказ 1. Сутурирање со Coreflon сутура после екстракција и имплантација

coreflon03 coreflon04

Приказ 2. Поставена мембрана и нејзино сутурирање со Coreflon сутура

Дополнителни карактеристики

Техничките карактеристики на Coreflon сутурите дополнително го подобруваат и олеснуваат работењето со нив. Иглата може да биде со округол или рамен пресек и во различна должина, а дебелината на конецот се движи од 3-0 до 6-0. Должината на конецот изнесува 55 цм. Црната боја на иглата ја зголемува видливоста при манипулација во меките ткива, а спојот на иглата со конецот е речиси незабележлив, со што уште повеќе се намалува траумата на ткивата. Препорачаниот чвор е според правилото 3-2-2, со што се добива стабилно врзување кое според клиничките искуства останува исто до крајот на терапијата. Најчесто сутурите се отстрануваат по 7 дена од нивното поставување.

coreflon05

Искуствата на клиничарите кои работат со Coreflon сутурите се исклучително позитивни. Не се свиткуваат, не се заплеткуваат, а како најпозитивна придобивка се посочува нивната можност за прилагодување на променливиот волумен на ткивото, што ги прави т.н. „паметни“ сутури. Земајќи ги предвид сите карактеристики и искуства, со сигурност може да се каже дека еднаш применети, PTFE Coreflon сутурите стануваат задолжителен дел од хируршкиот сет на секој орален хирург.

coreflonT02