Хируршка Асистенција

instrumentsШто претставува Хируршка Асистенција?

Тоа е специјално дизајнирана услуга, која е разработена за стоматолози кои се развиваат во областа на имплантологијата, и оние кои веќе работат но не би сакале да инвестираат во опрема и залихи.

Услугата вклучува обучен тим од хируршки асистенти, кои доаѓаат во Вашата ординација со целиот хируршки прибор и имплантолошки материјали со различни димензии и типови, вклучувајќи и биолошки материјали. Со тоа имате можност при самата интервенција да изберете точна димензија на имплантот и другите неопходни материјали.

Зашто би ја користеле оваа понуда?
  • Ние доаѓаме кај Вас и Ви нудиме професионална и компетентна асистенција за време на оперативниот зафат.
  • Ги обезбедуваме сите неопходни димензии на BioHorizons® импланти и можете да изберете точно оној кој е соодветен за Вашиот пациент при самата операција.
  • Освен имплантите на BioHorizons® нашиот тим ќе обезбеди и хируршки сет, кој Ви е неопходен за имплантирање како и потребните биоматеријали.
  • Посетата од нашиот тим е целосно бесплатна и на крајот на операцијата ќе Ви бидат пресметани само материјалите кои биле искористени при операцијата.