Categories
Едукација За доктори

Chamber Course in Implant Surgery 3rd Edition

Day One 27.03 – 10am

  • A brief history of the dental implant surgery evolution
  • Dental implants types and endooseal implants classification
  • Aspects on implant design and implant surface
  • Biological basics of osseointegration
  • Healing of the peri-implant mucosa
  • Primary and secondary stability of implants
  • Overview to the relations with anatomic close vital structures in implant surgery.

BHFacebookCoverSpiralock

Day two 28.03 – 10am

  • Planning of dental implants placement (embedding)
  • Contemporary visualization. Computer guided Implants insertion
  • Flap Design
  • Surgical Protocol presentation
  • Implants success criteria
  • BIOHORIZONS portfolio and innovative implant surgery set presentation

PRACTICAL WORK

Within the second day of this course, participants will have the practical work with dental implants placement on studio models. Working with micro motors, implant bed preparation, implant placement and removal (implanting and explanting) and pre-prosthetic preparation.

Organizing workspace, assisting and needed instrument-kit.

INSTRUCTOR

Kameren

Assoc. Prof. Dr. Daniela Veleska-Stevskoska is permanently employed at the Faculty of Dentistry, University Sts.,,Cyril and Methodius” and Oral Surgery Clinic at  University Dental Clinical  Center ,,St. Panteleimon” since 2001. She completed her specialist studies in Oral Surgery in 2006. She received her Master’s Degree in 2008, while defending her doctoral thesis in the field of Oral Surgery in 2013, earning the title of Doctor of Dental Science. She is promoted in associate professor of oral surgery and implantology in 2019. Her scientific works and titles in  2018 are verified by the Canadian WES (World Education Services) and by the American ECE in  2009 (Educational Credential Evaluators, USA).

Dr. Daniela Veleska-Stevskoska is author of more than one hundred scientific works. All skills in the field of implant dentistry she has acquired  in close collaboration with Prof. dr. Nikolay Popov, Member of the Bulgarian Academy of Sciences and Arts, Prof. dr. Jamie Lozada, Head of Department of implant dentistry at Loma Linda University in California; dr. Branimir Kirilov former assistant professor in Medical University in Sofia and owner of private dental office-Medical Dent; Prof. dr. Aleksa Markovic, from the University of Belgrade; Director of Biohorizons Mr. Steve Bogan, Dr.Choukroun from France, and many other prominent domestic and international authorities in the field of implant dentistry and oral surgery. Constantly she is engaged as a specialist and associate professor in oral surgery and implant dentistry at the University Clinic of Dentistry at UKIM.

Location and Date

Public Room st. 50 Divizija, Skopje, Macedonia.

  • 27.03 10.00 – 15.00
  • 28.03 10.00 – 15.00

Location: Show location on your device!

Price

The two days course in implant surgery costs:  269 Euros + 18%VAT.

Early registration discount by 18 March: -30%: 189 Euros + 18% VAT.

Team of 2 or more additional discount 10% (170 Eur + 18%VAT each.)

Registration available on:

https://forms.gle/UQoPtFKJUovcySus9

or doctor@vesica.mk // +389 2615600 // +389 70377720

Categories
Едукација За доктори

Камерен Курс по Имплантологија

Ден 1

  • КРАТОК ИСТОРИЈАТ НА ЕВОЛУЦИЈАТА НА ОРАЛНАТА ИМПЛАНТОЛОГИЈА
  • ТИПОВИ НА ОРАЛНИ ИМПЛАНТИ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕНДООСЕАЛНИ ИМПЛАНТИ
  • АСПЕКТИ НА ИМПЛАНТНИОТ ДИЗАЈН И ИМПЛАНТНАТА ПОВРШИНА
  • БИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСЕОИНТЕГРАЦИЈАТА
  • ЗАРАСНУВАЊЕ НА ПЕРИИМПЛАНТНА МУКОЗА
  • ПРИМАРНА И СЕКУНДАРНА СТАБИЛНОСТ НА ИМПЛАНТИТЕ
  • ОСВРТ НА РЕЛАЦИИТЕ СО АНАТОМСКИ БЛИСКИТЕ ВИТАЛНИ СТРУКТУРИ ПРИ ПОСТАВА НА ДЕНТАЛНИ ИМПЛАНТИ8054

Ден 2

  • ПЛАНИРАЊЕ НА ПОСТАВА НА ДЕНТАЛНИ ИМПЛАНТИ
  • СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ НА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА. КОМПЈУТЕРСКИ ВОДЕНА ИМПЛАНТ ИНСЕРЦИЈА
  • ФЛАП ДИЗАЈН
  • ХИРУРШКИ ПРОТОКОЛ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МОДЕЛИ
  • КРИТЕРИУМИ ЗА УСПЕХ НА ИМПЛАНТИТЕ
  • ПОРТФОЛИО  НА ИНОВАЦИИТЕ ВО ИМПЛАНТОЛОШКИОТ СЕТ НА BIOHORIZONS

ViliciПРАКТИЧНА РАБОТА

Во рамките на курсот, вториот ден, учесниците ќе имаат практична работа поставување на дентални импланти. Работа со микромотор, имплантирање, експлантирање и пред протетска припрема. Организирање на работен простор, асистирање и потребен инструментариум.

facebook-hands-on-training-8-day-implant-program

Педавач и инструктор

DVSНауч.сор. Даниела Велеска- Стевковска е вработена на клиниката за орална хирургија при УСКЦ Св. Пантелејмон од 2001 година. Специјалистичките студии по орална хирургија ги завршува во 2006. Магистрира во 2008 додека докторската теза од областа на оралната хирургија ја брани во 2013 со што се стекнува со звање Доктор на Стоматолошки Науки. Научните трудови и звања во 2018 се верифицирани од Канадскиот WES.

Автор е на повеќе од сто научни труда. Вештините од областа на имплантологија ги стекнува во соработка со проф. др Николај Попов член на Бугарската Академија на Науки и Уметности, Проф. др Џејми Лозада шеф на катедра во Универзитетот Лома Линда во Калифорнија, др Бранимир Кирилов од Медикал Дент во Софија, Проф. др. Алекса Марковиќ од Универзитетот во Белград, директорот на БиоХоризонс г-дин Стив Боган , и многу други истакнати домашни и меѓународни авторитети во областа на имплантологијата и орална хирургија. Постојано ангажирана како специјалист по орална хирургија и имплантологија на универзитетската клиника на стоматолошкиот факултет при УКИМ.

Стажирање и пракса

Во соработка со приватната здравсвена установа спцијализирана од областа на оралнnovaата хирургија и имплантологија Нова Дентал Хирургија, овозможуваме за секој учесник дво дневене турнус и присуство на имплантолошки интервенциипод водство на резидентниот хирург имплантолог др Данчо Бизевски.

УСЛОВИ

Ден и време:

Сабота и Недела 30 и 31 Март 2019. Од 10:00 до 15 часот.

Локација:

Јавна Соба, ул. 50та Дивизија бр. 22. Скопје.

special-offer1ЦЕНА:

269 Еур со вклучен 18% ДДВ, во денарска противредност.

Рана регистрација до Петок 22.03.2019 – 30% : 189 Еур Со вклучен 18% ДДВ.

Екстра поволност: За втор учесник од ординација/тим попуст 50% (135 Еур).

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пишете ни на: info@vesica.mk

Побарајте не на: +389 70 377720 (во работен ден од 09 до 15)

или на формуларот на следниов линк: врската води до формулар за аплицирање

Categories
За доктори Импланти

Tapered Internal

Денталните импланти Tapered Internal обезбедуваат одлична примарна стабилност, максимално зачувување на коската и меките ткива, придонесувајќи за оптимална естетика. Имплантите Tapered Internal ги постигнуваат овие резултати преку анатомски заостреното тело (tapered), модерната технологија за обработка на површините, Laser-Lok. Дополнително 1,5мм длабоката внатрешна хексагонална врска со инклиниран, закосен, влез создава одржлива врска и биолошки запечатена средина.

1     2     3

Case images curtesy of Dr. Craig Misch DDS

Tapered Internal се нуди во три конфигурации:

Mount-free Tapered Internal со 1.8mm Laser-Lok драјвер (рапава , машински необработена зона) и Resorbable Blast Textured (RBT) тело.
Mount-free Tapered Internal with Laser-Lok Complete површинска обработка со Laser-Lok технологијата на целото тело на имплантот (машински необработена драјвер зона или RBT) за брза остеоинтеграција и подобро поврзување имплант –коска .Одлични се за специфични анатомски услови. За сега, достапни се само во големини од 4,6 и 5.8mm дијаметар, должина 7,5 и 9mm.
Tapered Internal со претходно поставен 3inOne abutment, кој се користи за: (1) монтирање на имплантот, (2) отпечаточен пренос со затворена лажица, кога се користи во комбинација со balltop завртка, и (3) привремен или траен естетски абатмант со златен врв. Оваа верзија има 0.3mm машински обработена зона, 1.5mm Laser-Lok зона и RBT тело.

Карактеристики:

table

 

Categories
За пациенти

Импланти за фиксирање на протеза

Зашто да избереме лечење со over-denture импланти

Повеќето луѓе, кои користат традиционални протези често не ги носат, од проста причина што не си стојат фиксирани на своето место. Денталните импланти овозможуваат протезите да бидат цврсто фиксирани а вам да ви се поврати самодовербата.

Користењето на денталните импланти за стабилизирање на протези е докажан и успешен метод за стотици илјади луѓе ширум светот. Тој број секојдневно се зголемува како што се шири знаењето за ефикасноста и трајноста на овој метод. Всушност, денталните импланти имаат највисок процент на успешност од било која друга хируршка интервенција*.

Проблемите со лабава протеза

Милиони луѓе во светот имаат потреба од протеза. Многу од тие се борат да ја задржат стабилно, особено при долната вилица. Ако го имате тој проблем, вам ви е добро познато чуството на неудобност од подвижноста на протезата, неможноста да ги јадете омилените храни и не-ефикасноста од лепење на протезите. За среќа, постои начин вашата протеза да ја врши својата работа, она за што е поставена – стабилизирајте ја со дентални импланти.

Користта од стабилизирање на протезата
  • Воспоставување на правилно џвакање, правилна исхрана и подобрено здравје
  • Подобрување на изговорот и самодовербата
  • Подобра комоција поради намалено дразнење на непцата
  • Крај на посетите на протетичар за лепење на протезата
  • Продолжен век на протезата
  • Минимално агресивна процедура
За протеза, стабилизирана врз импланти

Титаниумовите импланти се поставуваат во вилиците, каде што коската сраснува околу нив. Откако ќе помине процесот на зараснување, вашата протеза се модифицира за да може да „штракне“ на имплантот. Протезата ќе биде цврсто споена, но со можност за вадење за одржување на хигиената со повторно лесно прицврстување.

Конструкција:
  1. Протеза (модифицирана за импланти)
  2. Капаче за прицврстување на протезата
  3. Абатмент
  4. Имплант од титаниумово тело – истиот материјал кој се користи за замена на зглобови, карлици
  5. Површината на имплантот го помага зараснувањето на коската околу него